Во Делчево се уредуваат тротоарски површини на улицата „Питу Гули“

0
87

Интензивно се работи на изградба на тротоарите на ул „Питу Гули“ во Делчево. Тротоарите се градат од двете страни на улицата во должина од 370 метри.
Средствата за реализација на овој проект, се доделени од ЕУ во форма на ИПА-грант средства.
„Целта на програмата која ја имплементира Министерството за финансии, администрирана од страна на Светска банка е подобрување на инфраструктурата во руралните области, односно подобрување на квалитетот на живот и мобилноста во Општина Делчево. Вкупниот износ на проектот изнесува 291.018 евра, 195.000 евра е грантот на ЕУ, кофинансирањето од националниот буџет е во износ од 65.000 евра и од општинскиот буџет во износ од 31.018 евра“, информираат од општина Делчево.
Претходно беше завршена изградбата на тротоарот на ул. „Светозар Марковиќ“ во должина од 510 метри. Со дореализација на проектот „Општински рурални инвестиции“ се реконструирани три фреквентни улици во градот „Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“ и улицата „Маршал Тито“.

https://www.youtube.com/watch?v=cyjAet9K5UE&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here