Во Законот за работни односи работниците ги нема

0
121

Законот за работни односи мора да се менува во делот на критериумите за репрезентативност. Ова е заклучокот од истражувањето на универзитетскиот професор Андреј Мајхошев, направено врз основа на резултатите од второто пребројување на бројот на синдикати и бројот на работодавачи, од аспект на репрезентативност :

„Процентот за добивање на репрезентативен a buon mercato canada goose giacca  статус и учество во социјален дијалог и колективно преговарање е премногу висок и треба да се спушти на понизок процент. Исто така, асоцијациите на работодавачи треба да го симнат цензусот за добивање на репрезентативност“, истакна Андреј Мајхошев, универзитетски професор.

Овие измени се неопходни, зашто во моментов социјалниот дијалог се сведува единствено помеѓу два субјекта :

„Главни играчи во социјалниот дијалог во РМ се Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи. На ниво на територија на Македонија имаат стекнато репрезентативен стаутс само овие две асоцијации“, кажа Мајхошев.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека само овие два субјекта имаат право да се вклучат во колективното преговарање и да бидат потписници на колективните договори, нешто што во иднина мора да се промени.

https://youtu.be/ExeDx6wtVbo

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here