Во Италија упасени 11 Црногорци за шверц на хашиш вреден 200 милиони евра !

0
64

Италијанската полиција соопшти дека нашла 20 тони хашиш во вредност од 200 милиони евра во резервоари за гориво на брод под знамето на Панама, а управуван од екипаж кој го сочинувале 11 Црногорци.

Бродот кој бил запрен во меѓународни води бил придружуван до Сицилија. Дрогата била пакувана во 650 вреќи. Бродот тргнал од Канарските острови за Египет и Турција, но потоа свртел од вообичаената рута. Со дозвола на панамските власти бродот бил запрен во меѓународни води.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here