Во Македонија, од 100 граѓани, дури 97 имаат барем еден мобилен телефон !

0
115

На секој жител на Македонија има по помалку од еден активен мобилен телефон, покажува статистиката на Агенцијата за електронски комуникации. Според Годишниот извештај на АЕК во 2017 година на 2.073.702 жители на Македонија, колку што ги проценил Државниот завод за статистика, имало 2.008.008 активни претплатници на мобилната телефонија.

Интересно е тоа што бројот на претплатниците лани, во однос на преклани се намалил и тоа за 2,07 проценти. Големиот пад на претплатниците се случува на крајот на минатата година, во последниот квартал. Така, во првото тримесечје на 100 жители на државата имало 97,62 активни прептплатници на мобилната телефонија, за во вториот квартал бројот минимално да падне на 97,53. Во третото тримесечје за првпат во 2017 година бројот на претплатници на мобилната телефонија се искачува над бројот на жители, па на 100 жители се регистрирани 102,31 претплатник.

Во четвртото тримесечје, бројот на претплатниците драстично паѓа на 96,83, на секои 100 жители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here