Во Македонија, од 1000 граѓани, 40 дневно голтаат антибиотици неконтролирано !

Во првите девет месеци годинава во Македонија биле пропишани 53.000 антибиотици повеќе од истиот период минатата година, покажуваат податоците од „Мој термин“

0
37

Според официјалните податоци 2 проценти од македонските граѓани дневно пијат антибиотици. Ова е трипати повеќе од Скандинавските земји. Но, експертите сметаат дека реалната бројка на употребата на овие лекови во земјава е многу поголема.

Оптимистичките прогнози се дека се трошат 30 отсто повеќе од ова, додека песимистичките дека потрошувачката е двојно поголема од официјалната, и изнесува 40 луѓе на 1000 жители.

Иако употребата на антибиотици во земјава за 25 години е намалена за речиси 50 проценти, сепак сме во групата на европски земји во кои и понатаму многу се користи оваа терапија. Очигледно задолжителното издавање на рецепт кое беше воведено пред 6 години не ја промени навиката кај граѓаните да голтаат апчиња.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here