Во МАНУ промовирани книгите Руска религиозна философија од штипјанецот д-р Трајче Стојанов.

391

Во МАНУ денес беа промовирани три книги под наслов Руска религиозна философија од професорот на штипскиот универзитет проф д-р Трајче Стојанов.
Промотор на досега уникатниот десетегодишниот научно-истражувачки труд беше проф.д-р Ристо Солунчев .
„Во поглед на обемноста и педантноста во истражувањето ,имаме истражено еден целосен сегмент од руската филозофија од 18,19 и почетокот на 20-ти век ,така наречена Руска Религиска Философија ,така што луѓето добиваат една идеја за патиштата по кои што се движел Рускиот философски и воопшто мисловен дух,од тие епохи.За сега целата наша култура како целина не само филозофската област“изјави проф.д-р Ристо Солунчев
За значењето на трудот авторот , професорот Стојанов
„Можеби на фонот на оваа философија може да се научиме како да филозофираме автентично т.е. како да филозофираме по македонски ,тука се можеби одгледа најголемото значење на оваа книга која ете денеска се приопштува на македонската јавност ,а која што во голема мера е од мојата докторска десертација од пред 6-7 години.Се пишување 5-6 години, се дотеруваше уште 5-6 години и еве го резултатот со овие 3 тома руска религиска филосовска.Јас се надевам дека има интерес затоа што е блиска на нас и многу е блиска на нашиот филозофски хабитос ,на нашиот дух, духовност.Навистина е недоистражена бидејќи ова е прва од ваков вид во Македонија ,има споразлично по некоја монографија од македонски автори , по некој превод итн. , во главно нема вакво систематско ,сеопфатно истражување на руската филозофија “изјави проф д-р Трајче Стојанов.
Самата промоција, темата на трудот и авторот денес во МАНУ собраа исклучително аворитетен аудиториум. Мегу присутните беше рускиот амбасадор во Македонија, претставници на македонската и руската правослвана црква и бројни академици и професори .