Во Македонија се зголемува купувањето преку интернет !

193

Според истражувањето на Државниот завод за статистика за онлајн купувањето во Македонја во 2019 година, овој начин на купување е во постојан пораст.

Спроведената анкета во првото тримесечие на 2019 година во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст од 14%, односно купиле онлајн 35,9% од интернет корисниците, наспроти 31,6% од интернет корисниците во истиот период минатата година.

Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи и тоа: 70,4% за лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени, потоа 70,1% за инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber и секако 68,4% за учество во социјални мрежи (креирање корниснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.). И понатаму мажите се убедливо повеќе на социјалните мрежи, па така за ставката „ставање лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени” учествувале со 73%, наспроти 67,8% од жените.