Во скопско починало шестгодишно дете од струен удар !

163

Шестгодишно дете од селото Крушопек, Скопско, починало од струен удар, соопшти МВР.

Детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Оттаму во полиција било пријавено дека кај нив било донесено шестгодишно дете починато од струен удар.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.