Времето на земјоделците доаѓа со ЕУ

0
209

375 милијарди евра ќе издвои Европската Унија од вкупниот буџет за земјоделство и рурален развој во периодот од 2021 – 2027 година. Дел од овие пари ќе завршат и во Македонија, доколу таа стане дел од големото европско семејство. Освен ова, земјоделците добиваат отворен пазар и поголема конкурентност.

Ова се дел од придобивките кои денес беа презентирани пред земјоделците во Штип :

„Тоа е пред се пазар од 500 милиони, тоа е една земјоделска политика којашто нуди извесност за земјоделците“, истакна Бобан Илиќ, ген. секретар на раб. група за регионален развој  во ЈИЕ.

Но, за да се биде дел од европското земјоделство, неопходна е работа во делот на институциите :

„Средување на институциите, контрола, пред се легислативната основа да се усогласи со европското законодавство“, дополни Илиќ.

buy Ray ban sunglasses Трибината беше организирана од Рурална коалиција, под слоганот „Зачекори напред, изборот е твој“ :

„Има за цел на граѓаните да им ја доближи Европската Унија и нејзината политика, како и да се одговори на бројни прашања за тоа што треба да направи Македонија за патот кон ЕУ“, рече Елизабета Ристеска – Мрческа, проектен менаџер во Рурална коалиција.

Ваквите активности се во насока на овозможување на граѓаните подобар пристап до релевантни информации поврзани со зачленувањето во ЕУ и НАТО.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here