Home Штип Гасификацијата остана нереализирана. Манипулацијата на власта е провидна, констатираа денес...

Гасификацијата остана нереализирана. Манипулацијата на власта е провидна, констатираа денес од ВМРО ДПМНЕ Штип

Ветената гасификација од СДСМ сеуште ја нема. Се ближи крај на мандатот на власта а ветувањето остана празно, потенцираа денес од ВМРО ДПМНЕ Штип:
„Гасификацијата беше еден од најголемите капитални проекти на Владата на СДСМ, меѓутоа и пред крајот на мандатот, остана како нереализирана инвестиција. Градоначалникот на Штип, за секое споменување на гасификацијата, зборуваше како само што не протекол гасот, меѓутоа реалната состојба е сосема друга.
Иако веќе четири години веќе постои гасоводот Клечовце-Штип, сепак низ него нема гас. Ова може да ја оштети инфраструктурата и да создаде дополнителни трошоци при првото протекување на гас низ гасоводот. Тоа значи дека поради неодговорноста на власта, дополнително ќе се расфрлаат парите на граѓаните. Манипулацијата на власта веќе стана толку провидна, што секој граѓанин сфаќа колку бил излажан од неспособната СДСМ“изјави Љубе Здравков, советник од ВМРО ДПМНЕ во СО – Штип
На денешната пресконференција реагираа :
„ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за гасификација поради тоа што нивниот ефект во однос на гасификацијата за Штип е еднаков на НУЛА.Општина Штип инвестира во проектирање на гасификација преку три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не ни знаеше дека воопшто треба да се прави.ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто за два мандати не успеа да направи ниту проект а камоли да изгради гасификација.Локалната самоуправа за само 2 години ги започна најважните проекти како брана на река Отиња, градски стадион, затворен базен, гасификација, а веќе ја завршивме и пуштивме во употреба новата детска градинка во населба Сењак“ стои во реакцијата од О. Штип

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Општината Чешиново-Облешево затворена. Градоначалникот Крстев одлуки ќе носи од карантин

Поради утврдениот Корона вирус кај градоначалникот, општината Чешиново-Облешево од денес е со затворени врати.  Во моментов сите административни активности се сведени на нула без никој...

Стапија на сила новите владини мерки

Од денес цела држава живее и функционира со новите владини мерки односно со  забраната за движење на населението од 16.00 до 5 часот наутро....

Насилство, пожар, обид за кражба и пронајдена дрога синоќа во Регионот

За една вечер, полицијата од Регионот имала интервенција на четири инциденти, за кои се или ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час

Децата со аутизам не можат да го издражат полицискиот час и ограниченото време на движење. Овој проблем е поголем од многу други а...

Сеча на дрва во Шашаварлија

Гледачи на ТВ Стар аларимираат за неконтролирана сеча на дрва во Шашаварлија. Синоќа, исечени се дури и дрвата посадени околу православните гробишта....