Home Популарно Гвардиола бега од „Манчестер Сити“ и се враќа во „Барселона“ ?!

Гвардиола бега од „Манчестер Сити“ и се враќа во „Барселона“ ?!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ја чекаат одлуката на арбитражниот суд во Лозана, поврзана со иднината на „граѓаните“ во европските натпреварување. Бившиот шампион на Премиер лигата е под закана на суспензија од две сезони на турнирите под покровителство на УЕФА, а наводно оваа ситуација будно ја следи поранешниот тим на шпанскиот стратег, Барселона.

Британските медиуми пишуваат дека Пеп нема да го продолжи договорот со Сити, кој истекува следното лето, додека каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона е подготвена да испрати понуда до својот екс-тренер за враќање на „Камп Ноу“.

Гвардиола е дете на Барселона, а по завршувањето на играчката кариера токму во каталонскиот гигант ги започна своите први тренерски чекори. Најпрво беше предводник на вториот тим, а потоа од 2008 до 2012 со големи успеси го водеше првиот тим, со кого освои сè што може да се освои на клупски план.

По заминувањето од Барселона се пресели во Баерн Минхен, а од 2016 година е менаџер на Манчестер Сити со кого освои две титули во Премиер лигата, а оваа сезона ќе проба да го нападне трофејот од Лигата на шампионите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белград и Приштина сепак разговарале за размена на територии !

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон тврди дека уште во 2018 година една од работите за кои зборувале Белград и...

Уролог од Тетово починал од компликации од Ковид – 19 во скопска болница !

Од компликации од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за...

ВИДЕО: Колумбо е виновен што ја откри Америка…урната уште една статуа на морепловецот во Балтимор !

Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени...

Германија: По жестоките критики, канцеларката Меркел почна да носи заштитна маска !

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не...

Баер Минхен, победник на Купот на Германија !

Баерн Минхен со победата над Баер Леверкузен 4:2 го освои Купот на Германија. Бававарците освоија нова двојна круна во Германија, а во...