Германија издвои дури 627 милиони евра за вакцина против Ковид -19 !

86

Германија издвои 627 милиони евра на биотехнолошките компании „BioNTech “ и „ CureVac “ за забрзување на развојот на вакцините против „ковид-19“ и проширување на германскиот производствен капацитет.

Министерката за образование и истражување Ања Карличек предупреди дека безбедноста треба да остане главен приоритет за пошироката популација да ја прифати вакцината. „Дури и додека светот чека вакцина, ние нема да преземеме ризични чекори“, рече таа на прес-конференцијата во Берлин.

Многумина се загрижени дека може да се намалат стандардите за безбедност и ефикасност, во трката за развој на вакцината против ковид-19, која досега зарази повеќе од 29 милиони луѓе и однесе над 926 000 животи.

Компаниите за вакцини допрва треба да спроведуваат тестови на голем број луѓе, но Русија минатиот месец ја одобри вакцината против ковид-19, што предизвика некои западни експерти да ја критикуваат Русија за ригорозно тестирање на вакцината.

Карличек рече дека не очекува вакцината да биде достапна за целата популација до средината на 2021 година.Министерството одвои 375 милиони евра на BioNTech и 252 милиони евра на CureVac, но компаниите мора да исполнат одредени критериуми.

Министерството објави дека сè уште разговараат за доделување на средства на IDT Biologika, која произведува вакцини за други фармацевтски компании и работи на т.н. вакцина против вектори.