Германија: По жестоките критики, канцеларката Меркел почна да носи заштитна маска !

154

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не ја носеше. Меркел се појави во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската унија.

Ја тргна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица. Меркел беше фотографирана со слична маска за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Канцеларката ја испочитувала обврската да носи маска на одредени јавни места откако новинарите ја прашале на почетокот на неделава зошто никогаш не носи маска во јавноста.

Потоа, таа одговорила дека не ѝ треба, затоа што ја почитува регулативата за социјално растојание, но дека тоа го прави во ситуации кога оддалечувањето не е можно, на пример кога оди на приватен шопинг и не е под око на јавноста.