Германија ќе го заврши „Северен тек 2“ за гас од Русија – Воопшто не им е грижа што ќе кажат Американците !

103

Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека германската влада е одлучна да ја доврши изградбата на гасоводот Северен тек 2 и покрај обидите на Соединетите Американски Држави да го сопрат тој проект, пренесува бизнис весникот Ханделсблат.

Меркел решителноста околу завршувањето на гасоводот ја истакна за време на посетата на својата изборна единица на северот на Германија, зборувајќи за санкциите кои Вашингтон им ги воведе на учесниците во изградбата на тој гасовод кој во Германија и на поширокиот европски пазар треба да доставува 55 милијарди кубни метри природен гас од Русија.

„Не ги сметаме екстериторијалните санкции, односно оние кои ја преминуваат територијата на Соединетите Држави, за легални“, кажа Меркел во Штраслунд.

Северен тек 2 е важен за германската сојузна држава Мекленбург-Ворпомерн, во која е изборната единица на канцеларката. На пример, цевките потребни за изградба на проектот се испорачуваат од малото пристаниште Сасниц, а по завршувањето на градбата се очекува рускиот град да стигне во крајбрежниот град Лубмин.

САД тврдат дека Северен тек 2 би ја зголемил енергетската зависност на Европската Унија од Русија, давајќи ѝ на Москва моќен политички лост на европскиот континент и алатка за потенцијално прекинување на снабдувањето со енергија.

Критичарите ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го присилат сојузникот Германија на купување природен гас од САД, по повисока цена од рускиот.