Home Балкан Германската пластика, нелегално ги труе бугарските деца !

Германската пластика, нелегално ги труе бугарските деца !

Германија е европски шампион во производство на пластичен отпад поради што страдаат и бугарските деца, оцени германската телевизија ЗДФ во репортажа за согорување отпад во Бугарија. Во репортажата од 7 февруари, станува збор за нелегалниот увоз и согорувањето отпад во Бугарија.

Во телевизискиот прилог се наведува дека согорувањето на отпадот е профитабилен бизнис во Бугарија и оти таа земја е еден од најголемите увозници на ѓубре од Западна Европа, каде регулацијата и контролата се на ниско ниво.

Германскиот тим го посетил Бобов Дол, каде до неодамна, во локалната термоелектроцентрала се гореше отпад. По извршените инспекции од страна на Еко-инспекторатот, се покажа дека таму се согорувал отпад без потребната дозвола. Германските новинари посочуваат дека воздухот во бугарскиот град е исклучително загаден, и дека проблемот со увезено ѓубре е една од причините што претседателот Румен Радев ја повлече доверба во Владата на Бојко Борисов.

Германските новинари велат дека побарале да се сретнат со претставници на Министерството за животна средина и вода и со сопствениците на термоцентралата „Бобов Дол“, но не им била одобрена средба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...