Гледачи јавуваат дека 14 годишно момче попладнево се удавило во Брегалница ! Полицијата потврди !

859

14 годишно момче од Истибање денес се удави во Брегалница, информираат гледачи на ТВ Стар. Според првичните информации, трагичниот настан се случил во атарот на селото Калиманци, каде што момчето отишло на риболов и според искази на роднини влегло во водата. Полицијата ја потврди несреќата.

Полицијата го потврдува трагичниот настан, но не соопштува детали. Потрагата по телото на момчето е во тек.