Годинава Денот на слепите лица ќе се одбележи во Пробиштип. Се очекуваат гости и од Бугарија и Србија

0
69

Годинава регионалната прослава за Денот на слепите лица ќе биде во Пробиштип. Се очекуваат гости и од Бугарија и Србија:

„Годинава за првпат ќе го одбележиме денот надвор од Штип. На овој начин сакаме да направиме чест и на нашите членови од Пробиштип. Со нашите гости од Србија и Бугарија ќе одиме на Лесновскиот манастир“, кажа  Драги Витанов, прет. на Здруж. на слепи – Штип.

Што предвидува програмата:

„ Ќе имаме турнир во шах кој е од ревијален карактер, но ќе имаме и состанок со претставниците од Србија и Бугарија  на кој ќе разговараме за заеднички настап со проекти пред европските фондови“, појанси Витанов.

Според евиденцијата, во Штип, Карбинци, Пробиштип и Свети Николе има регистрирано околу 100 лица со нарушен вид. На ниво на држава нивниот број е околу 2.500.

Инаку, меѓународниот ден на белиот стап се одбележува од 1964 година. Одбележувањето почнува од Америка кога слепите поднесуваат преставка до Конгресот со барање за повеќе права и изедначување на слепите лица со останатите.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here