Годинава на Пастрмалијадата – освен врвни музичари има и врвни полтичари

0
798

Со традиционално сечење и поделба на џиновската пастрмајлија на  посетителите, синоќа стартуваше штипската Пастрмајлијада. Честа да ја отвори му припадна на евроамбасадорот Семуел Жбогар. Му асистираа вицепремиерот  и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, домаќинот, градоначалникот Благој Бочварски и пејачката Кристина Арнаудова. Иако, вегетаријанец по природа, искушението да не се проба пастрмајлијата за евроамбасадорот беше неодоливо.

„Имам многу слушнато за Патрмајлијадата во Штип, и сега конечно ја имам можноста да ја вкусам пастрмајлијата што се прави во Штип. Пред неколку дена имавме прилика да го посетиме Штип со еврокомесарот Јоханес Хан, и тогаш штипјани ни рекоа дека не се работи само за Скопје, но има и други делови од Македонија кои се многу убави. Навистина ми е многу драго што имавме можност да излеземе од Скопје, и да ја видеме македонската традиција. Ние во ЕУ ставаме посебен акцент на зачувување на традицијата“, изјави Семуел Жбогар – евроамбасадор на ЕУ во РМ.

Уникатиот вкус што плени беше повеќе од привлечен и за министерката Шеќеринска.

„Денеска имав прилика, обично тоа ретко се случува, имав прилика да немам работа, да не треба да ја подготвам храната, а да можам прва да ја пробам, им благодарам на штипјани за честа, пастрмајлијата беше одлична“, изјави Радмила Шеќеринска – министер за одбрана.

Освен посетителите, кои имаа можност на 32 штанда да ја пробаат надалеку познатата штипска пастрмајлија, со нејзе се сладеа и пејачите.

„Уживав да свирам вечерва во Штип. Многу пати сум бил во Штип и од тука носам најпријатни спомени. Навистина засдлужуваат штипјани рок енд рол по се и сешто. Пред настапот само малку пробав од пастрмајлијата, но сега по настапот комплетно ќе и се посветам. Одлична е со неповторлив вкус“, оцени Влатко Стефановски, гитарист.

„Јас сум прв пат, верувале или не на Пастрмајлијадата во Штип, и ја пробав секако. Инаку сум љубител на пастрмајлија, да си признаам“, изјави Кристина Арнаудова, пејачка.

„Јас учествував на првата Пастрмајлијада и по толку години еве ме пак на оваа сцена што ми е една од најомилените. Секако дека ја пробав пастрмајлијата и – немам зборови“, оцени Дани Димитровска, пејачка.

Кулинарскиот тим од штипски Макпромет годинава, ја испече најдолгата пастрмајлија во Македонија и пошироко.

„Џиновската пастрмајлија е долга два метри, широка 40 сантиметри. Тешка е 50 килограми. Во нејзе има 37 килограми тесто и 18 килограми месо“, објасни Лазар Атанасов.

Домаќинот на манифестацијата, градоначалникот Бочварски, не пропушти да ги подсети сограѓаните.

„Ги повикувам сограѓаните да бидат добри домаќини, и овој викенд да биде исполнет со одлична песна и забава комбиниран со неодоливиот вкус на пастрмајлијата. Се надевам дека овој викенд за сите ќе остане како незаборавен“, изјави Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип.

Вечерва е кулминацијата на манифестацијата. Сите го очекуваат настапот на балканската музичка ѕвезда Северина. Како увертира, посетителите ќе ги забавуваат штипјаните Зоран Илиев и Јоце Панов.

https://www.youtube.com/watch?v=tkQiirrlRac&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here