Голема истрага во текстилната компанија. Се бара кој ги кодошел кај ТВ Стар. Истрагата ја води газдата лично

0
944

Голема истрага во текстилната компанија за која во два наврати пишувавме, се спроведува веќе неколку денови. Се бара кој ги кодошел кај ТВ Стар. Истрагата ја води газдата лично, но во неа се вклучени шефови, но и лојани работници, на кои им е ветено поголема плата.

Ова денес како информација го добивме од наши извори во компанијата кои посочуваат дека:

“…Газдата дојде од странство. Чул за веста. Се дереше, не бираше збор за навреди, се закануваше дека ќе открие кој го кажал и дека ќе ги избрка од работа. Рече никој од вработените не смее да има контакт со ТВ Стар,а тие што ќе зборат добро за него ќе имаат друг третман. И меѓу нас  се појавија продадени души. …“ реагираа вработени во компанијата.

ТВ Стар во неколку наврати информираше за состојбите со оваа компанија . Најнапред дека вработените биле принудувани да земаат кредит во висина од најмалку 1.000 евра, а платите задолжително да ги примаат преку истата банка, а потоа дека им биле одземени и личните карти.

Засега нема никаква реакција од сопствениците на компанијата, а за случајот, ТВ Стар ќе ги информира сите надлежни институции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here