Големи прослави за Митровден во Регионот

0
32

Големи прослави за Митровден во Регионот. Најмногу народ светиот Димитриј Солунски, собра во Зрновци каде во тек е реконструкција на истоимениот храм:

„Во тек е возобновувањето на овој свет храм, 95 % од фрескописот се завршени, за време на велигденскиот пост се планира поставување на патосот и догодина на овој ден би требало да извршиме повторно осветување“, изјави свештеник Лазар Коцев.

Стотици верници од целиот крај дојдоа да му се поклонат на светителот и да побарата заштита од него:

„Јас ја варам пченицата. Сварив 5 килограми пченица за сите присутни“, кажа жителка на Зрновци.

„Доаѓаме редовно, носиме погачи, панагии. нека помага светителот“,рекоа присутни верници.

Од 2010 година, свети Димитриј се слави како заштитник на општина Зрновци:

„Ја користам оваа прилика  да им го честитам празникот на сите жители на Општината“, рече Блаже Станков, градоначалник на о. Зрновци.

Свети Димитриј ужива голема почит и во Штип:

„Ова е голем ден и голем празник. редовно доаѓаме во црква да се помолиме“, рекоа вреници од Штип.

Свети Димитриј Солунски — христијански маченик за кој се смета дека живеел во Солун во почетокот на IV век. Во средновековието станал еден од најславните „воени“ светители.

Според народните верувања, на ден Митровден завршува летниот и започнува зимскиот период од годината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here