Големо откритие на штипските археолози. Лоциран пеонскиот град Астрајон

0
100

Ова се темелите на долго озборуваниот, но и тема на археолошки дебати, древниот пеонски град  Астрајон. Единствено во што се согласуваат археолозите од Штиоп и Струмица е фактот, дека една од најголемите античко македонски рударски населби и втор град по големина во Пеонско македонскиот период е регионот околу денешената доминантна еруптивна купна на Пилав Тепе.

  • Можам да кажам дека откривме и обработивме три објекти, сите се речиси со иста големи од 90 метри квадратни, имаат по две простории и според она што како содржина тие го сочинуваат прецизно се датирани од крајот на четвртиот и првата половина на третиот век пред нашата ера, објасни Ване Секулов – археолог .

Ова е пронајдениот скелет  од коњ, стар 25 века. Откритието ја потврдува тезата дека пеонците жртвувале животни  при изведување на верските ритуали во светилишта, а не и нивно0 погребување во заеднички гробници. Ова како сознание досега беше само теорија. Откритието на коњскиот скелет, теоријата ја трансформира во практика на древните Пеонци.

  • Ова засега е ретко откритие, бидејки познатоп е дека пеонците коњите ги жртвувале, но тоа досега како сознание го имавме од пишани документи. Сега го имаме како вреден артефакт, бидејки сите индиции од скелетот стар 25 века упатуваат на тоа. Пред врзаните нозе и жртвеникот до него од пеонското светилиште, објасни ракиоводителот на проектот, струмичкиот археолог Секулов.

Археолошките откритија се во рамките на редовните активности на штипскиот Народфен Музеј во изведување на заштитните археолошки ископувања долж трасата  на експресниот пат Штип- Радовиш.

  • Околу три месеци се работи на оваа локација, каде што е истраженја поголем дел од археолошките содржини на оваа траса. Останува уште овој дел да се финализира, но и тука работите се интензивирани и наскоро завршуваме изјави м-р Митко Штерјов – директор на Народен Музеј Штип…

При заштитните архолошки ископувања, досега најмногу вредни артефакти се пронајдени во овој дел од трасата во реонот на еруптивната купа на Пилав Тепе. Поголем дел од овие ископувања се завршени, додека работата на археолозите во подножјето на Пилав Тепе завршуваат за неколку недели.

https://www.youtube.com/watch?v=jGbW3WUuDIo&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here