Граѓаните до ноември да изберат од кого ќе купуваат струја

0
91

12.000 домаќинства од Штип заедно со останатите 600.000 од Македонија, до Ноември годинава ќе треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога е и најавен стартот за целосна либерализација на пазарот на електрична енергија. Ова мегудругото денесака беше изнесено од надлежните од Републичката комисија за енергетика на средба со новинарите во Скопје.

  • Сметаат од енергетската заедница дека на тој начин се зголемува конкуренцијата на слободниот пазар на електрична енергија. Притоа, се разбира дека претходниот снабдувач , без разлика дали е на слободен или регулиран пазар, си го има правото да си ги наплати сите обврски кон своите потрошувачи, објасни Марко Бислимовски – претседател на РКЕ

Правилата за снабдување со електрична енергија што се направени согласно новиот Закон за енергетика се во целосна заштита на потрошувачите. Тоа значи, социјално ранливите категории не смеат да бидат исклучени од струја во текот на зимските месеци, подвлече првиот човек на регулаторите за енергетика, Бислимовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here