Граѓанските организации бараат повеќе пари од Општините

0
37

Не смее ниту една општина да ја изостави од општинскиот буџет работата на граѓанските организации, тврди денеска Дарко Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница. Интенцијата вроди со резултат од лани, кога со симболични еден процент од општинскиот буџет пет општини, помеѓу нив и Штип, тоа и го направија. Ова е прв, но скромен чекор во заложбата за транспарентно доделување на средства на граѓанските организации. Затоа и се востановени критериуми за нивно финансирање.

„Во повеќето од општините има слични критериуми. Од нив најважни се издвојуваат. За тоа е потребното времетраење на постоењето и на една граѓанска организација од минимум една година  активност, искуството и видот и квалитетот на изготвените проекти и едно од најважните постулати. Проектите да се вклопуваат во интересот на делувањето на општината“, изјави Борисд  Шарковски – ФРЛЗ Штип.

Натамошната заложба на граѓанските организации е зголемуивање на проецнтот на нивно финансирање од страна на општините за понудени проекти.

„Овој процент од еден отсто не е доволно голем. Ние како граѓански организации ќе се заложиме во рамките на можностите на општинскиуте буџети, истиот да се зголеми. Тоа ќе е една од нашите определби во натамошниот правец на наше делување“, објасни Шарковски .

За оваа и други  сензитивни теми од областа на делувањерто на граганските опрганизации денесака се говореше на трибината, насловена Транспанетност во финансирање на граѓанските организации од страна на општините.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here