Граѓанско барање: Лимените гаражи од Штип да исчезнат

262

Штипјани се се’ погласни во барањата лимените гаражи поставени на повеќе локации во градот, повеќе да ги нема.

Откако Општината ја прифати иницијативата на жителите од нас Сењак 4 и подели решенија за отстранување на 14 лимени гаражи, сега истото го бараат околу 120 жители на спојот на улиците Браќа Даневи и Солидарност:

„Бараме доколку има можност надлежните институции од о. Штип да дојдат да ја согледаат состојбата и доколку има можности ,гаражите дибо поставени кои го имаат узурпирано целиот простор и каде ќе сметаме дека ќе биде доволно место за да ги паркираме нашите возила со тоа што ќе направиме уште една добра работа ќе го ослободиме тротоарот за пешаците “ изјави Марјан Шаринов, ппрет. на Заедница на станари

Овдешните жители се категорични дека со отстранувањето на нелегално поставените гаражи ќе се реши голем проблем во овој дел на градот:

„Имаме паркинг простор кој што има елементарни услови за влез и излез за проток на возилата којможеме да го користиме со минимални средства од општината да биде сето тоа средено и да немаме никакви проблеми ниту ние како граѓани ниту пешаците кои се движат по тротоарите “ изјави Марјан Шаринов, прет. на Заедница на станари

 Своето барање тие до локалната самоуправа го упатија јавноно преку ТВ Стар, од каде излегоа со следниов одговор:

„Секоја граѓанска иницијатива што е доставена о. Штип ја разгледува. Доколку е оправдано  и доколку тие гаражи се наоѓат на земјиште сопственост на Р.М и кој има функција за простор за паркирање или улица ќе биде доставена до иницијатива до инспектор и ќе се постапува истата“  изјави Соња Китанова, секретар на општина Штип

Инаку, во Штип, на различни локации има 1.000 лимени гаражи со просечна големина од околу 20 м/2, односно узурпираат околу 20.000 м/2 површина, која требало д абиде јавен паркинг или зеленило.