Грција останува затворена за Македонците до 15 август !

77

Забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија е продолжена до 15 август, предмалку соопшти грчкиот заменик-министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас.

Меѓу мерките е и продолжувањето на прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и Турција, до 15 август 2020 година, како и одлуката што се однесува на копнените граници.

Одлуката за копнените врски (гранични пунктови за влез / негативен ПЦР тест не постар од 72 часа) и за негативен ПЦР-тест за оние што пристигнуваат со авион од Бугарија, Романија и Соединетите Држави, исто така, се продолжува до 15 август.

Хардаљас на вонредниот брифинг рекол и дека од 1 до 31 август задолжително е носењето маски во сите затворени простории, се забрануваат посети во домовите за стари лица и во болниците и се воведуваат ограничувања од 100 лица на свадби, крштевки, погреби во согласност со сите постојни здравствени правила.