Home Балкан Грција се отвора за туристи на 15 јуни - Нема задолжителен тест,...

Грција се отвора за туристи на 15 јуни – Нема задолжителен тест, туку само по случаен избор !

Премиерот Кирјакос Мицотакис објави дека туристичката сезона во Грција официјално ќе почне на 15 јуни, а од 1 јули ќе бидат дозволени и меѓународни летови од речиси сите држави.

Министерот за туризам Харис Теохарис изјави дека на туристите кои доаѓаат во Грција нема да им се бара потврда за негативен тест за коронавирус, ниту ќе одат во карантин, но властите го задржуваат правото да прават тестови по случаен избор.

„Предност за влез во Грција ќе имаат туристите кои доаѓаат од земјите кои имаат добри резултати во борбата со коронавирусот“, кажа Теохарис, наведувајќи ги балтичките и балканските земји и земјите од северна Европа.

За меѓународните летови до 1 јули ќе биде отворен само аеродромот во Атина, а хотелите и авиокомпаниите ќе мора да исполнат посебни здравствени протоколи, за да се спречи ширењето на коронавирусот во туристичките дестинации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Короната ги откажа манастирските ручеци за Спасовден

Короната и посебните мерки за безбедност ги откажаа манастирските ручеци за големиот христијански празник Спасовден. Иако овој ден како своја слава го...

Короната во Штип не застанува. Денес нови 9 случаи

Короната во Штип не застанува. Денес се откриени нови 9 случаи на позитиовни на ковид 19. Од нив, 7 се вработени во...

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица . 105,3 мил. денари е вредна идната пречистителна станица во карбинската општина...

Спасовски од Карбинци го повика ВМРО на разумност

Тех. премиер Оливер Спасовски денеска од Карбинци каде што беше по повод денот на општината, го повика ВМРО ДПМНЕ на разумност и...

Инспектори ќе ги едуцираат угостителите

Инспекторски тимови во наредните 10 дена активно ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите за спречување на коронавирусот...