Грчкиот гас ќе протече низ Македонија во 2022 год.

530

До 2022 година Македонија ќе се поврзе со грчката гасоводна мрежа од каде ќе може да се снабдува со гас од гасоводите ТАП и ТАНАП, односно од гасоводите преку кои Грција се снабдува со овој енергенс. Интерконекцискиот вод кон Грција е планирано да почне да се гради до крајот на годинава, а интензивно ќе се работи и на обезбедување на гас до секој град.