Грчки Митрополит смета дека атеизмот на Ципрас е причина за пожарите како казна од Бог !

Грчкиот митрополит Амвросиос на својот блог за катастрофалните пожари кои однесоа 74 животи го обвини премиерот Алексис Ципрас.

0
705

Грчкиот митрополит одлучи да ја искористи страшната трагедија во Грција за да порача дека страшните пожари се божја казна за премиерот кој е неверник, пренесоа медиумите.

„Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го предизвика бесот на Бог. Грција ја уништија пожари и поплави“, напиша митрополитот.

Амвросиос потоа цитирајќи го Новиот завет, додаде дека поради оддалечување на луѓето од Бог се случуваат разни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемија, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.Митрополитот ги поврза пожарите и со фактот дека Ципрас не ја оженил својата девојка.

„Кој е, се прашувам, виновен за оддалечување на модерните Грци од божјиот пат? Кој друг ако не атеистичкиот премиер Алексис Ципрас и неговите соработници“, напиша митрополитот и наведе дека Ципрас не ги крстил своите деца и не ја оженил својата девојка.

Грчките медиуми реагираа гневно на скандалозните тврдења на митрополитот, па потсетија на пожарите во 2007.година, во кои смртно настрадаа 84 лица, кога на чело на државата била религиозната партија Нова демократија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here