Данска снемува земја па ќе гради остров од три милијарди долари за 35.000 луѓе !

0
328

За да создаде повеќе простор за сè повеќебројното население, Данска планира да изгради нов остров во близина на пристаништето во Копенхаген, на кој ќе можат да живеат околу 50.000 луѓе, соопшти данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.

Островот може да биде изграден до 2070 година и може да има 35.000 жители, а освен тоа, како што рече Расмусен, и ќе го заштити градот од зголеменото ниво на морето.

-Новата населба ќе биде наречена Линетхолмен и „ќе биде нешто сосема ново и нешто многу познато во исто време. Тоа ќе биде вистинска копенхагеншка населба со плажа, зелени површини и голем дел стандардни станови за луѓе со нормални приходи“, рече градоначалникот на главниот град, Френк Јенсен, пренесе Копенхаген пост.

Според него, во проектот ќе бидат вложени околу 3,1 милијарда долари, вклучувајќи ја и изградбата на тунел и метро, а ќе го изведат неколку компании во сопственост на Копенхаген и на Данска.

Првите домови би биле изградени до 2035, додека целиот Линетхолмен ќе биде комплетно готов до 2070.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here