Двајца мигранти настрадале од одрон на камења во Хрватска !

0
50

Според полициски извори, група од 12 мигранти спиеле во шума во близина на Карловац, кога огромни камења се одрониле и од висина од над 45 метри паднале врз нив.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, еден од мигрантите настрадал на лице место, откако каменот му паднал врз градите, а вториот починал неколку часа подоцна.Групата се обратила до локалното население и побарала помош, а набрзо на местото пристигнала и полиција. Несреќета се случила утрово околу осум часот.

,,Според првичните информации затекнати се 12 лица од кои две биле пронајдени мртви”, се наведува во полициското соопштение. Се уште се очекуваат информации на која возраст се починатите, дали се мажи или жени и од која националност се.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here