Двајца тинејџери од Слупчане шверцувале мигранти !

Двајца тинејџери од селото Слупчане, општина Липково, биле уапсени откако со комбе се обиделе да прокриумчарат 18 мигранти.

0
92

Полицијата информира дека вчера околу 21 часот, на автопатот Неготино – Градско, во близина на месноста Црвени брегови, било запрено комбе „форд-транзит“ со скопски регистарски ознаки, а во возилото биле пронајдени 18 мигранти од Авганистан.

Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од селото Слупчане, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени и приведени во станица

По целосно документирање на случајот, против двајцата криумчари ќе биде поднесени кривични пријави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here