Девет лица од Радовиш, Тополница и Пехчево се повредени во тешка сообраќајка кај Дамјан

0
330

Девет лица од Пехчево, Радовиш и Тополница се повредени во тешка сообраќајка кај Дамјан, во директен судир на два автомобила и трактор. Сите повредени се пренесени и задржани на лекување во струмичката болница. истите се со различен вид на повреди, но во стабилна состојба и без опасност по нивниот живот.

Несреќата се случила рано утринава , во 03.40 минути. Се претпоставува дека дел од учесниците тргнале да берат тутун, но наместо во нивата , стигнале  до болница.

Истрагата ќе ги утврди причините за несреќата, а увид е извршен од страна на полиција и јавен обвинител.

Поради несреќата, сообраќајот во тој дел бил во прекин од 4:15 часот до 5:40, а потоа возилата се пропуштале наизменично.

За три дена ова е трета сообраќајна несреќа со тешки последици и голем број повредени. Претходно, имаше судир на три автомобили во Карбинци, а една жена со тешки повреди заврши на Клиниките во Скопје. Еден ден потоа, во судир на автобус и камион кај светиниколско Мамутчево, беа повредени 23-ца од кој најголем дел вработени во Штип.

https://www.youtube.com/watch?v=UYYLQT9L5vs&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here