Делчево годинава ќе запише 90 нови дечиња во градинка

0
60

Гужви, ургенции и долги листи на чекање за упис на деца во градинка. Ова е секојдневие во сите општини во регионот. Само во Делчево, шанса за згрижување во градинка чекаат околу 150 дечиња.

Годинава, можност да се запишат ќе имаат само 90, онолку колку што предучилишното згрижување ќе го заменат со прво одделение.

За поголем опфат на дечиња во градинките, неопходно е проширување на капацитетите:

  • Клучно е да си го вратиме објектот кој сега е во склоп на ОУ „Св. Климент Охридски“ и таму д аформираме уште неколку групи, појасни Билјана Симовска , директор на ДГ „ Весели Цветови“  Делчево.

Во моментов, во градинката згрижува многу повеќе деца од можностите:

  • Во моментов згрижуваме 320 дечиња што е повеќе од нашиот капацитет, кажа Симовска.

Идентична е состојбата во сите општини во регионот. Токму и поради ова, општините и државата се фокусирани на изградба на нови или реконструкција и проширување на постојните градинки.

https://www.youtube.com/watch?v=mweWMzVHiwI&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here