Делчево се надева на 7 милиони денари од државата за изградба на градски пазар

0
33

Делчево се надева на 7 милиони денари од државата за изградба на градски пазар . Ова е еден од проектите кои се планрани за реализација во наредната година, но истиот зависи од тоа дали ќе се обезедат парите:

„Општина Делчево одамна се подготвува за оваа мерка, веќе имаме  одбрано локација и подготвена техничка документација. Се надеваме дека ќе ни се одобрат средстав, со што веќе во наредната година може да почнеме со градба“, кажа Тони Стоименовски, советник за ЛЕР – Делчево.

Надежта на Делчево, но и на другите општини произлегува од денес објавениот повик за добивање средства од Програмата за рурален развој мерка 123, „Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи“, односно подмерка 123.3 „Инвестиции во пазарна инфраструктура за постбербени активности“.

„… Максималната сума што може да се добие по корисник е 7 милиони денари. Средствата се неповратни, а може да се користат за набавка на градежни материјали и елементи за конструкција – реконструкција на објекти за прием, подготовка и складирање, опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите, опрема за означување и пакување, услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи, изработка на студии, елаборати, планска техничка и градежна документација. Еден корисник може да поднесе најмногу 3 поединечни барања по различни мерки…“, стои во информацијата од Агенцијата за рурален развој.

Инаку, годинава, преку националните програми, на општините им беа понудени пет различни мерки за капитални инвестиции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here