Делчево ќе поставува полнач за електрини автомобили

0
69

На паркингот пред Спомен-домот АСНОМ во Делчево во тек се градежнни активности за поставување полнач за електрични автомобили. Полначот на паркингот во Делчево е донација од ЕВН, а ќе може да опслужува по два автомобила истовремено. Првата година од поставувањето на електричниот полнач, услугата ќе биде бесплатна.

Општината ги издала потребните дозволи, а со поставувањето на ваков уред, Делчево ќе биде дел од градовите кои нудат ваква можност. Ова  е посебна предност за Делчево, зашто општината  како погранично место е посетувана од голем број странски гости.

Идејата на проектот е да се поттикне користењето возила на електричен погон што ќе придонесе за заштита на животната средина.

https://www.youtube.com/watch?v=s0juTyr64r4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here