Дел од европскиот врв во Скопје, само да го биде референдумот !

0
71

Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, во Скопје неделава доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Меркел в сабота доаѓа во Скопје, како што најави нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.

– Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.

Порака за охрабрување упати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Порача дека Македонија треба да ги искористи можностите што и се нудат и за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here