Дел од Хрватска поплавена, дел под снег !

124

Силно невреме проследено со грмотевици и силен дожд ја погоди Хрватска. Најмногу настрадаа Истра и Кварнер каде паднаа повеќе од 60 литри на метар квадратен.

Оваа голема количина на вода дренажните системи не можат да ја исцрпат. Како последица на тоа реки течат низ патиштата на северот на Јадранот. Сообраќајот е во колапс.Поради обилните врнежи во Истра има големи штети на маслиновите градини и лозјата кои се целосно под вода.

Наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег.