Демонстрантите во Софија собираат тули за да изградат нов затвор за корумпираните политичари !

129

И денеска клучните две сообраќајници во Софија остануваат под блокада на демонстранти со шатори кои бараат оставка од кабинетот на Бојко Борисов. Преку овие две места, автомобилите и возилата од јавниот превоз сè уште не се дозволени, а демонстрантите проппушаат само амбулантни возила.

Нивните барања остануваат непроменети повеќе од три недели – оставката на владата предводена од премиерот Бојко Борисов, како и главниот обвинител Иван Гешев.

„Ќе протестираме сè додека не постигнеме резултат – сакаме две оставки“, вели еден од демонстрантите за БГНЕС.

Според него, владата во Бугарија е легална, но нелегитимна, бидејќи беше избрана со гласови на не повеќе од 10-15% од оние кои имаат право на глас.

Демонстрантите започнаа и симболична добротворна кампања за собирање тули кои, според, нив би можеле да се искористат за изградба на сосема нов затвор за сите корумпирани политичари во Бугарија