Денес краен рок партиите да одлучат дали ќе учествуваат во пропаганда за референдумот !

0
51

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во петокот доставил известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Владата претходно донесе одлука да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here