Денес се славеше Св. Трифун . Празникот кој на лозарите им ја грее надежта и го слави задоволството од родот кој доаѓа

262

Нема поголем ден за лозарите од Св. Труфун. Не е тоа ниту   надежта   со првото зрело зрно ниту  задоволството  при бербата  на лозјата и крајот на лозарската сезона. Св. Трифун  ја грее  надежта и го слави задоволството кое доаѓа секоја година. 

Оваа желба која се повторува секоја година, и овој пат ги собра лозарите од регионот на лозјата за да ја продолжат вековната традиција на закројување и залевање на лозјата, но и на лозарска дружба:

„Секоја година се собираме друштво овде да го напревиме адетот се собравме друштво“ изјави Богдан Ристовски, лозар

„Денот да ни биде убав, господ да ни дава род и се најдобро нека е“ изјави Живко Џорлев, лозар

Голема прослава за свети Трифун, денес се одржа и во Кучичино. Тамошните лозари  за овој ден исто така се со голема традиција:

„Оваа традиција постои од многу одамна, минатата година јас бев кум Младен Рунчев а оваа година паричката се падна во новиот кум Александар Арсов да му посакаме среќа, здравје, бреиќет и оваа година со невеста“ изјави Младен Рунчев, лозар од с. Кучичино

Надежта за добра лозарска година ја најавува и министерот за земјоделие Трајан Димковски:

„Нам ни е важно лозарите да продолжат да произведуваат квалитетно и убаво грозје. И оваа година пред новата реколта исплатени се субвенциите за одржување лозови насади за да можат лозарите навреме да ги извршат потребните агротехнички мерки„ изјави Трајан Димковски-министер за земјоделство

Но денешниот празник е познат и како најголем потршувач на најпознатиот продукт на грозјето – виното и ракијата. Со нив, на 14 февруари знаело и да се претера, па затоа сега пред да стигнат на лозјата – лозарите имаа ваков пречек:

„Целта ни е ние од отсекот за превенција при СВР Штип, бидејќи ова ни е л озарски крај во градот целта ни е да направиме превентивна акитивност и да не управуваат возило под дејство на алкохол“ изјави Ангелчо Стојановски-началник на сектор за превенција СВР-Штип

„Јас сум таксист и одам на порачка да земам совесен граѓани кој можеби консумирал алкохол“ изјави анкетиран возач

Би требало да не се пие алкохол, но они кои ќе пијат алкохол сигурно ќе бидат под заштита на светецот, а тие што пијат да си одат пеш или да те донесат“ изјави анкетиран возач

„Комбинацијта на алкохолот и возењето е скапо за вашата безбедност и ви посакуваме убав празник“ изјави Баже Милев- СВР Штип

Денес, одбележувањето на свети Трифун главно е на лозјата, но некогаш оваа прослава имала многу помасовен карактер:

„Јас живеам во Гоцевата куќа стара 350 години јс сум од штипско  ново село. Денес се оде на лозја да се запази традицијата. Порано во Ново село  се собираа  кај јаворот и млади и стари и имало многу веселба“ изјави анкетиран граѓанин

Инаку, освен со вино и ракија, за род и благослов од светецот, лозниците денес се залија и со светена вода:

„Водата значи да има повеќе род  лозјето и убаво да биде и здравје да има“ изјави анкетиран граѓанин

Инаку, свети Трифун живеел во III век и бил прогонуван, измачуван и убиен заради неговата вера во Бога:

„Свети Трифун се моли сите кои го празнуваат да ги дарува обилно. Тоа било пред 250 година“ изјави Добрица Јанев-свештеник 

Освен лозарите , денешниот ден го слават и оние кои го носат името на светителот или споменот за него го имаат како куќна слава. Такви во регионот ги има над 3.000.