Дефект речиси една недела ја секна водата во штипската населба Македонка

0
114

Пукната главна доводна цевка без малку една недела ги остави жителите на приградската населба Македонка без вода за пиење. Времено решение, ако може така да се каже е овој кладенец, единствен во населбата. Водата од него не е за пиење, но, жителите ја користат за технички потреби, оддржување на личната хигиена и други потреби. Од минатиот петок до денеска, сликата на носење  празни, и вракање на полни пластични шишиња е секојдневие во населбата.

„Немаме вода за пиење веќе пет дена, од петокот. Секој се снаоѓа како знае и умее. Среќа, ја имаме оваа така да ја кажам природна чешма, ама водата не е за пиење. Ја употребуваме за хигиенски потреби“, изјави еден од анкетираните жители на населбата Македонка.

„Срамота, речиси една недела сме без вода. Мораме вака, да ја купуваме. Мора овој проблем под итно да се реши“, дополни друг анкетиран жител на спомнатата населба.

Во очекување на решение на проблемот, сувите чешми  ја зголемуваат нервозата кај граѓаните.

„Ова веќе не се издржува. Уште е топло, а ние сме без вода. Апелирам до надлежните под итно да го решат проблемот“, иреагира анкетирана жителка на населбата.

Од компанијата Бобо Комерц,сопственик и дистрибутер на вода за пиење во оваа населба, писмено се обратија за проблемот.

„Поради голем дефект на водоводната линија Ф-250 населбата Македонка и фирмите кои гравитираат околу населбата се без вода од (петок) 07.09.2018. Дефектот на цевката е во мочуриштето во близина на поранешна ТК Македонка и поради непристпниот терен, мократа земја и обрушувањето на истата, санирањето се одвива со многу големи тешкотии. Екипите на Бобо Комерц од Штип се деноноќно на терен и работат на отстранување на дефектот“, стои во писменото обракање до јавноста од менаџментот на Бобо Комерц.

Екипата на ТВ Стар  беше на местото на дефектот. Тоа е мочурлив терен, каде пристапот на било каква механизација е доста ризичен. Затоа отстранувањето на наталожената тиња ја отежнува реализацијата на замена на уништената пет децениска стара салонитна доводна цевка со нова.

Издашноста на водоводниот систем од 60 литри во секунда, е доволна за нормален живот за 500 жители од Македонка.

https://www.youtube.com/watch?v=908nxbtNK_A&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here