Дејвид и Викторија Бекам криеле дека имаат Корона вирус, па заразиле куп луѓе на роденденска забава !

284

Тие се заразиле на 1 март додека биле во Америка, а по враќањето во Велика Британија, Дејвид се чувствувал лошо, а потоа и се слошило и на неговата сопруга Викторија.

По враќањето во Англија, тие одлучија да го прослават 21-от роденден на нивниот син Бруклин, на кој присуствувале многу гости, а многумина од нив си отишле од забавата заразени, пренесуваат британските медиуми.

“Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка поради неговите обврски во клубот, а Викторија и семејството отидоа со него. Тие беа на неколку настани, каде Дејвид имаше промотивни должности, се ракуваа и се бакнуваа со навивачите на клубот”, вели еден пријател близок до двојката, за странските медиуми.

Кога се вратиле во Велика Британија, на Дејвид му се слошило, а потоа на Викторија почувствувала болки во грлото, а исто така имала и температура.

“Во исто време, неколку нивни вработени почнаа да развиваат симптоми. Викторија ја фатило паника и нареди целото семејство да биде ставено во карантин повеќе од две недели, бидејќи се плашеше дека ќе го шират вирусот и ќе заразат други”, додава пријател на Бекамамови.

Семејството Бекам одби да ги коментира овие наводи.