Директорката Димова не дава оставка по скандалот со проектите – Била предупредена дека постои криминал, но не реагирала !

115

„Во врска со ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка. Морам да ги разочарам и да кажам дека оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра. Тие велат дека се плашат дека јас ќе сум ги избришела податоците. Нека не се тревожат, системот во Брисел е таков што сите податоци се запишуваат автоматски, таму нема бришењ “, рече Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на денешната прес-конференција.

На објавата со магарето од страна на Тортевски, таа реагираше дека тоа е еден вид одмазда на Тортевски, поради тоа што не ги добил очекуваните пари од еден проект.

Димова од лани во април имала информации дека во проектот во кој биле дадени стотина илјади евра на фризерница има индиции за криминал. И покрај предупредувањата дека носителот на проектот за ВЕЗ трејд Зоран Златковски барал пари да му се враќаат во кеш, Димова не презела ништо.