Донација ранци од Елкос Груп за учениците во ОУ „Гоце Делчев“ – Штип

0
695

Донација од Елкос Груп за ученици од социјално ранливите категории.  Денес беа донирани 100 ранци со комплет училишен прибор во штипското основно училиште„Гоце Делчев“

„Елкос Груп како интернационална компанија со филијали во повеќе земји во Европа и светот, чувствува општествена одговорност, вака на хуманитарен начин да им помага на граѓаните каде се нејзините филијали. Токму поради тоа ,а во соработка со општината денеска поделуваме 100 ранци со комплет училишна опрема  за исто толку ученици“, објави Горан Арсовски – ЕЛКОС Груп – Штип.

Вакви и слични акции од хуманитарен карактер, а во соработка  со општината ќе има во наредниот период compra orologi replica.

„Од мое и име на општината и граганите на Штип ја искажувам блкагодарноста до Елкос Груп и нивниот хуман потег. Вакви и слични хуманитарни акции во соработка со оваа општествено одговорна компанија, но и со другите во општината ќе имаме и во наредниот период“, најави Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип.

Ова е од голема вазжност за овдешните ученици, зашто голем дел доаѓаат од семејстав кои се во социјален ризик:

„Пред сé од името на родителите на учениците кои ги примија подарените ранци, како и од мое и име на врабнотените од училиштето „Гоце Делчев“ искрена благодарност до Елкос Груп и општината за овој хуман потег. Познато е дека повеќето од учениците кои учат во „Гоце Делчев“ се од социјално ранливите категории“, напомна Трајче Димов,  директор на ОУ „Гоце Делчев“ – Штип.

Хуманитарната акција на Елкос и  локалната самоуправа  почнаа од ова училиште, а во периодот што следи, слични акции  ќе се реализираат и во останатите училишта во градот.

https://www.youtube.com/watch?v=w41CA_wz42Q&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here