Драма во Аргулица. Маж се качил на покрив и се заканувал дека ќе скокне

0
638

Вистинска драма на покрив од плевна во карбинското село Аргулица се одвивала вчера доцна попладне. Аргуличанец,  само од нему познати причини, држејќи железен предмет во раце, се качил на покривот и не сакал да се симне. Притоа, одбивал секаква помош. Очевидците ја раскажуваат случката пред камерата на ТВ Стар со сеуште видно вознемирувачки тон.

  • Додека траеше убедувањето од неговите роднини да се симне, гледам дојде пожарната, брзата помош и полиција. Сите заедно со неговиот брат и мајка напртазно го убедуваа да се симне, ама тој одбиваше секаква молба од кровот на нивната плевна, објасни очевидецот Киро Митев – жител на с. Аргулица.

Аргуличани не паметат досега вакво нешто да им се случило во селото. Тврдат, Аргулица е мирно место, без вакви и слични стресни ситуации. Еден од клучните моменти за завршување на двочасовната драма бил дождот, но и интервенцијата на присутните.

  • Во еден момент на невнимание на лицето кое одбиваше да се симне, неговиот брат го искористи тоа се качи на покривот, го совлада лицето,а веднаш по негоп бргу се качија полицајците, а ние тројца пожарникари помогнавме безбедно да го симнеме од кровот, по што го презедоа лицата од брзата помош и така заврши драмата, изјави Тони Георгиев, командир на смена во ТППЕ – Штип.

Едногласна беше оценката на мештаните со кои разговаравме денеска.  Се работи за нивен соселанец кој е мирен човек, а истото мислење им беше и за неговото семејство.

  • Добро семејство, добар човек е нашиот соселанец. Ова е изненадувачки за мене бидејќи тие ми се блиски роднини и не очлекував ваков потег од него, изјави една од анкетираните жители на селото Аргулица. Добро семејство се, не се проблематични или бучни. Засега во таа куќа живеат двајца браќа, неженети и нивната стара мајка, која е болна објасни анкетиран аргуличанец.

Надлежните допрва ќе ги утврдуваат причините за ваквото однесување на аргуличанецот. По неговото симнување, веднаш му е укажана медицинска помош. За штипските пожарникари,  оваа интервенција им е прва од ваков вид за изминатите седум месеци од оваа година.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here