Државата инвестира во системи за наводнување – земјоделците ги напуштаат нивите

0
47

Се подобруваат условите за наводнување на земјоделските површини во источниот дел на државата.

За 10-тина дена завршува реконструкцијата на системот за наводнување Врсаково во штипско.

Станува збор за инвестиција во вредност од 40.000 евра. Овој систем за наводнување стои руиниран 20 години, сега со реконструкцијата ќе се обезбеди наводнување на нови околу 250 хектари земјоделски површни.

Интензивно се одвиваат градежните работи на браната на Оризарска река. Во завршна фаза е изградбата на патот до телото на браната, активно се работи на асфалтирањето и потоа почнува изградбата на браната. Со изградбата на оваа брана ќе се реши водоснабдувањето на повеќе населени места во општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево.

Ова се дел од напорите на државта за зголемување на земјоделските површини кои се обработуваат и за поконкурентно производство.

Сепак, на терен резултатите за обработување на површините се поразителни.

Од вкупно 1,2 милиони ХА земјоделски површини, само половина милиони ХА е обработени, што претставува 40,73%.

Во земјата нема повеќе леб, тврдат оние кои живеат од нивите:

„Моментално ние земјоделците се наоѓаме во тешка состојба. Нафтата е поскапена, исто и ѓубривото, а за сметка на тоа, откупот на пченицата, пченката и оризот се со ниски цени. Затоа оваа работа ја прават несплатлива, однапред осудена на загуба“ вели  Ѓорги Гоцевски – земјоделец.

Колку инвастициите во наводнителни системи ќе ги врати земјоделците на нивите е прашање, зашто за земјоделие не треба само вода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here