Државата нема пари за неподвижен старец. Боро Гацов една година е врзан за кревет – но туѓа нега за него нема

0
330

Солзите на Страшо Гацов ја отсликуваат исклучително тешката состојба на неговиот тешко болен татко. Боро Гацов една година  е во постела. Неподвижен е и има потреба од нега од трето лице, како и соодветен социјален надоместок.  Одговорот на поднесеното барање во мај годинава до надлежните социјални служби во Кочани, за добивање на спомнатата нега и надоместокот  бил шок за семејството.

„После шест месеци чекање на одговор, добивме негативно решение, во кое стои дека мојот татко не го следува нега ниту паричен надоместок, без образложение зошто. Веднаш се јавив во кочанските социјални служби и одговорот од тамошната службеничка ме шокира. Еве сé уште стои одговорот во мојот телефон. Им реков дали кога ќе умре татко ми тогаш ќе добие нега и надоместок. Одговорот беше крајно дрзок: Да чекаме да умре па да добие нега и надоместок. По тоа, веднаш ми спуштија слушалка. Не се помирив со тоа. отидов во кочанскиот Центар за социјални работи. Таму не бев пуштен, зошто не знам“, објасни синот на болниот старец Страшо Гацов.

Револтиран од односот на кочанските служби, Страшо не чека ниту минута. Веднаш ќе поднесе соодветна жалба.

„Жалбата ќе ја подготови мојот адвокат и веднаш денеска, најдоцна утре ќе ја доставам до кочанскиот Центар за социјални работи“, изјави Гацов.

Во меѓувреме, болниот Боро не се предава. Низ солзи вели дека му е тешко поради најблиските кои мораат везден да бидат покрај него…

„Добро е…. Само ….  староста и болеста тешко се поднесува“, изјави болниот  Боро Гацов.

Буквално секој нов ден за Боро е успех во борбата да се победи болеста. Неговиот син Страшо е убеден дека правдата ќе победи. Жалбата ќе го преиначи првичното решение за конечно неговиот татко да ја добие потребната нега на болен од друго лице, како и соодветниот паричен надоместок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here