Дуа Липа мие раце од сојата објава со фото на Голема Албанија…погрешно била разбрана ?!

216

Дуа Липа (24), за која може да се каже дека е една од најпопуларните поп-пејачки во светот во моментов, пред неколку денови на Твитер и на Инстаграм објави фотографија со која ја промовира идејата за „Голема Албанија“, која би опфатила делови од денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.

Пејачката предизвика огромни реакции со споделувањето на мапа која ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.

Ова покрена бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, но и кај многу јавни личности, меѓу кои и британскиот новинар Сем Стрит, кој искоментира дека Дуа Липа „ги нарекува овие нации мигранти или колонисти, што е мошне иронично за Албанка родена во Вестминстер, Велика Британија“.

Со новата објава, таа се обиде да ги смири страстите малку и да објасни дека немала лоша намера, туку само сака гордо да зборува за нејзиното потекло и корените.Таа наведува дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“, но сепак сака „нејзината земја да биде претставена на картата“.

„Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам“, напиша Дуи Липа.

За жал, ако Липа не знае, има една стара изјава: После „онакво“…нема каење…