Еве зошто Трамп воведе царини: Загубите на САД во меѓународната трговија се 817 милијарди долари !

0
461

Американските загуби во меѓународната трговија во 2017 година се 817 милијарди долари, пишува американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.Трамп ги усогласи овие статистички податоци како аргумент со кој ќе одговори на политичките противници, кои го критикуваат за царините врз стоки од ЕУ и Кина, кои ги доведуваат САД на работ на трговска војна со нивните главни партньoри.

„Секој пат кога ќе чујам слаб политичар кој сака да ги прекинеме трговските преговори или да ги откажеме царините, со кои се спротиставуваме на неправедни давачки спрема САД, се прашувам што ли си мислат овие луѓе?.Зарем ќе продолжиме на ист начин и ќе дозволиме нашите фармери да бидат ограбени? Загубивме 817 милијарди долари од трговијата со другите земји во 2017 година. Никаква слабост!“, напиша Трамп во Twitter.

САД воведоа увозни давачки за челик и алуминиум на 1 јуни, за 25 односно 10 отсто за земјите од ЕУ, Канада и Мексико. Овие земји реагираа со контрамерки. ЕУ поднесе тужба во СТО, а од 22 јуни воведе царински давачки од 25 отсто за металуршки, машински и земјоделски производи од САД за 2,8 милијарди евра годишно.

Трамп се закани дека ќе наметне 20 отсто давачки за автомобили увезени од ЕУ ако Унијата не ги отстрани трговските бариери од американските компании.Американскиот претседател дури ги повика европските производители на автомобили да ги градат своите фабрики во САД.

Увозните давачки за автомобили и нивните делови од ЕУ, со кои се заканува Трамп, може да влијаат врз производството од 300 милијарди долари, објави „Блумберг“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here