Европската комисија отвори истрага за проектот за “Фризерницата“ и за можна злоупотреба на пари !

71

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот „фризерница“ со намера да испита евентуална злоупотреба на пари за образование преку Националната агенција на чие чело е Лидија Димова.

– Ги разгледуваме сите наводи за злоупотреба. Секое нерегуларно трошење кога станува збор за ЕУ фондови, ќе биде идентификувано и средствата ќе бидат вратени назад, порача портпаролката на Европската Комисија за образование, Сузан Конзе.

Случајот со скопската „фризерница“ што деновиве крена многу прав во домашната јавност ќе оди под мониторинг и на Финансиската полиција од каде е лиферувано известување за предистрага во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму нагласуваат дека предмет на анализа ќе бидат сите документи од добиените грантови.

Директорката на Агенцијата, Димова се правда и вели сè е чисто и во меѓувреме порача дека нема да поднесе оставка што од неа ја бара опозицијата која инсистира со случајот да се позанимава Обвинителството.

За проектот со обука на магариња, тежок 80.000 евра порача дека не е спорно да се добиваат проекти ниту за магариња, бидејќи такви имало и во други земји.